Писмата на Ајнштајн до Милева Мариќ продадени на аукција за 11 милиони евра

Оригиналните љубовни писма на Алберт Ајнштајн, вклучувајќи и поканата за венчавката со Милева Мариќ, беа продадени на аукција на лондонската аукциска куќа Кристис на 11 декември 2024 година за нешто повеќе од половина милион евра.


Алберт Ајнштајн не бил само научен гениј, туку низ целиот живот бил фасциниран и од жените. Неговите љубовни писма, вклучувајќи ги и оние упатени до неговата прва сопруга Милева Мариќ, неодамна беа продадени на аукција од аукциската куќа Кристис за 11 милиони евра.

За време на неговиот живот, Ајнштајн (1879-1955) бил некаков вид поп-ѕвезда меѓу научниците, а неговата најпозната теорија, Специјалната теорија на релативноста, објавена во 1905 година кога имал само 26 години, му донела светска слава. Во 1921 година ја добил Нобеловата награда за физика.

Но, од каде ја црпел силата и инспирацијата за овие големи достигнувања?

Според Јирген Рен, професор по геоантропологија на Институтот Макс Планк, Ајнштајн всушност имал мотото „наука, љубов, кафе“. Рен бил еден од уредниците на книгата која ги содржи писмата разменувани помеѓу Ајнштајн и Милева Мариќ од 1897 до 1903 година, наречена „Во недела те љубам усно“ (2005).

Писмата не сведочат само за емоционалниот живот на младниот Ајнштајн, туку и за неговите научни теории. Ајнштајн и Милева Мариќ се запознале 1896 година на Техничкиот универзитет во Цирих, кога тој имал 17, а таа 20 години. Биле многу блиски и разменувале не само љубовни пораки, туку и научни идеи. Во најкреативните периоди на Ајнштајн тој разговарал со својата тогашна девојка, а идната жена.

Милева Мариќ – наука и љубов
Писмата не сведочат само за емоционалниот живот на младиот Ајнштајн, туку и за создавањето на неговите научни теории.

Ајнштајн и младата Милева Мариќ (1875-1948) се запознале 1896 година на Швајцарскиот Технички универзитет во Цирих. Тој имал 17, а таа 20 години. Тој потоа матурирал во Швајцарија, бидејќи ја напуштил гимназијата во Минхен. Таа дошла да студира од Војводина, која тогаш била дел од Хабсбуршката монархија. Во Загреб ја завршила гимназија, а потоа студирала физика во Цирих како единствена жена на нејзината година и како прва Србинка воопшто.

Веројатно Ајнштајн го привлекла тоа што Милева била уникатна. Во тие години тој го читал Шопенхауера и застапувал антибуржоазни ставови. Меѓу нив се родила посебна љубов: „Со неа, Ајнштајн можел да ги спои љубовниот и научниот живот. Тие буквално можеле да разговараат за сè“, вели Рен.

Очигледно, Милева била математички на исто ниво со Ајнштајн, бидејќи ако не беше така, не би постоела расправа во стручната јавност до денес за нејзиниот придонес во развојот на теоријата на релативноста.

Шесте години, колку што траела нивната преписка, биле клучни за Ајнштајн и Милева. Тие биле млади и заљубени. Во 1901 година Милева забременила и во јануари 1902 година родила вонбрачно дете, девојче, во Нови Сад. Се венчале во 1903 година и имале уште два сина.

Елза – љубов и брак со блиска роднина
Алберт уште 1912 започнал вонбрачна врска со глумицата Елза Ловентал, своја блиска роднина и од таткото и од мајката. Нејзе во 1913 ѝ напишал дека Милева е „непријателско суштество без хумор“. Во другото писмо напишал: „Својата жена ја третирам како работничка која не можам да ја отпуштам. Имам своја спална и избегнувам да бидам со неа.“

Тој на својата сопруга Милева 1914 ѝ напишал: „Се откажуваш од секој личен однос со мене. Не можеш да очекуваш никаква нежност од мене, ниту ќе ме обвинуваш за нешто.“

Милева се вратила во Цирих со синовите, а Алберт останал да живее со Елза во Берлин. Во февруари 1919 година, кога минале законските пет години од нивното раздвојување, Милева и Алберт се развеле. Ајнштајн се согласил, во рамките на разводот, ако ја добие Нобеловата награда, парите да ги даде на Милева. Нобеловата награда ја добил две години подоцна – и го исполнил своето ветување.

Неколку месеци по разводот се оженил со Елза. Во нивниот брак летало перје. Таа го критикувала за неговата хигиена и му подарила четка за коса. Тој ѝ напишал: „Ако сум ти премногу одбоен, побарај момче кое е попријатно за женските вкусови. Јас останувам таков каков што сум.“

По само четири години брак со Елза, Алберт започнал сериозна афера со една млада жена, блиска роднина на својот пријател.

По доаѓањето на Хитлер на власт во Германија почетокот на 1933 година и прогон на Еевреите, прво од јавниот живот, Алберт и Елза Ајнштајн – двајцата Јевреји – ја напуштиле својата татковина и на крај се преселиле во САД. Брзо по тоа, Елза се разболела и починала во 1936 година. Ајнштајн повеќе не се оженил.

Сепак, каде и да се појавил, бил опкружен со жени. На патувањата поради предавања имал бројни афери. Биографот на Ајнштајн, Армин Херман, напишал: „Најголемо оптеретување за бракот биле Ајнштајновите афери. Тој чувствувал силна привлечност кон сите жени.“

Мари – прва љубов
Историјата ќе покаже дека и неговата прва љубов, Мари Винтелер, била многу повеќе од флерт. Писмата кои долго време биле чувани во Историскиот музеј во Берн, беа објавени дури 2018 година. Тие го прикажуваат „генијот на векот“ како романтичен човек склон кон патетика.

Тајната љубов траела толку долго колку што траел и неговиот престој во таа куќа, а многу брзо по тоа наклоната се префрлила кон Милева.

Оригиналните љубовни писма на Алберт Ајнштајн, вклучувајќи и поканата за венчавката со Милева Мариќ, беа продадени на аукција на лондонската аукциска куќа Кристис на 11 декември 2024 година за нешто повеќе од половина милион евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни