Пијан и без дозвола предизвикал сообраќајна несреќа, тројца повредени

Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е уапсен откако предизвикал несреќа на патот Грдовци–Зрновци, со 1,69 промили алкохол во крвта.
Фото: Илустрација/МВР

Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е уапсен откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци. Во несреќата едно лице е тешко повредено, а две полесно.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило „опел” со винички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот С.С. (28) од селото Јакимово. Возачот и сопатникот Д.А. (28) од селото Истибања се здобиле со полесни телесни повреди. Тројцата биле згрижени во Јавната здравствена установа во Кочани.

При увидот, полициските службеници од ОВР Кочани утврдиле дека возачот не поседувал возачка дозвола. Дополнителните проверки покажале дека бил под дејство на алкохол, тестот измерил 1,69 промили алкохол во крвта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс