Песната што стана химна на поделениот Берлин: 49 години од „Heroеs“

На 14 октомври 1977 година Дејвид Боуви го објавил „Heroеs“, вториот дел од својата берлинска трилогија. Снимен во студио на само неколку стотини метри од Берлинскиот ѕид, албумот ја содржи песната што подоцна ќе стане химна на слободата и на пркосот во поделениот град.

Кон средината на седумдесеттите години, Дејвид Боуви бил исцрпен од славата, зависноста и животот во Лос Анџелес. Решил да се пресели во Западен Берлин, град сместен меѓу два политички и идеолошки света. Таму, во студиото „Хенса“, со поглед кон стражарските кули на ѕидот, го снимил албумот што многумина го сметаат за едно од неговите најзначајни дела.

    Бегство во Берлин

    Боуви се преселил во Берлин во 1976 година и делел стан во населбата Шенеберг со својот пријател Иги Поп. Градот го привлекувал со електронската музика на германските групи „Крафтверк“ и „Ноj!“, со експресионистичкото сликарство и со можноста да живее подалеку од светлата на славата. Во Берлин можел да шета по улиците без постојано да биде препознаван.

    Првиот албум од тој период, „Лоу“, бил објавен во јануари 1977 годи „Heroеs“ е најтесно поврзан со Берлин и е целосно снимен таму. На него работеле продуцентот Тони Висконти и музичарот Брајан Ино, а на гитара гостувал Роберт Фрип од групата „Кинг Кримсон“. Неговиот необичен, продолжен звук на гитарата е еден од највпечатливите елементи на насловната песна.

    Двајца љубовници под стражарска кула

    Насловната песна раскажува за двајца љубовници што се среќаваат покрај ѕидот, под погледот на вооружените стражари, и за миг се чувствуваат како херои. Инспирацијата дошла од самото студио: Боуви од прозорецот видел двајца како се бакнуваат покрај ѕидот. Подоцна открил дека станувало збор за продуцентот Тони Висконти и неговата девојка.

    Наводниците во насловот не се случајни. Боуви не пее за вечни херои, туку за херојство што трае „само еден ден“, кревко, привремено и речиси иронично. Можеби токму затоа песната е толку моќна: не ветува сигурна победа, туку храброст во конкретниот миг.

    Концертот покрај Рајхстагот

    На почетокот песната немала голем комерцијален успех. Нејзината симболична сила особено дошла до израз десет години подоцна. Во јуни 1987 година Боуви одржал концерт во Западен Берлин, во близина на Рајхстагот, со озвучување насочено и кон источната страна на градот. Илјадници млади луѓе од Источен Берлин се собрале покрај ѕидот за да го слушаат концертот, а полицијата интервенирала.


    Боуви подоцна раскажувал дека можел да ги слушне луѓето од другата страна на ѕидот како ја пеат песната заедно со него. Две години подоцна, Берлинскиот ѕид паднал. По смртта на Боуви во јануари 2016 година, германското Министерство за надворешни работи јавно му се заблагодарило, алудирајќи на неговиот настап и на улогата што музиката ја имала во поделениот град.

    е-Трн да боцка во твојот инбокс