Според првичните неофицијлни резултати партијата „Прогресивна Бугарија“ на екс претседателот на државата Румен Радев е победник на парламентарните избори во Бугарија.
Според првите проценети резултати на куќата „Алфа Рисрч“ покажуваат дека „Прогресивна Бугарија“ освоила 37,5% од гласовите, ГЕРБ-СДС – 16,2%; ПП-ДБ – 14,3%; ДПС-Нов почеток – 8,4%; „Вазраждане“ – ; БСП – 4,1%
По тие проценти распределбата на местата во парламентот би била следна: 105 пратеници за „Прогресивна Бугарија“; 46 за ГЕРБ-СДС; 40 за ПП-ДБ; 24 за ДПС-Нов почеток; 14 за „Вазраждане“; 11 за БСП.
Излезеноста до 19 часот се движи помеѓу 46 и 47 проценти.
Изненадување на овие избори е и големиот број на помали партии кои се движат околу и под изборниот праг од 4%. Партиите како МЕЧ, Сияние и Величие ќе мора да ги почекаат официјалните резултати за да потврдат дали ќе станат дел од 51-то Народно собрание.
Во текот на ноќта се очекува пред јавноста да се обрати и Румен Радев со оценка на изборните резултати.