Meси ја води Аргентна во ново полуфинале, но според новото правилона ФИФА, денес не би смеел да игра за репрезентацијата

Аргентинската фудбалска федерација воведе ново правило за младите таленти, според кое Лионел Меси, ако денес ја започнуваше кариерата, немаше да има право да настапува за младинските селекции на Аргентина.
epa13057002 Lionel Messi of Argentina reacts after missing to convert a penalty during the FIFA World Cup 2026 group stage match Argentina against Austria, in Dallas, USA, 22 June 2026. EPA/JEFFREY MCWHORTER

Додека Лионел Меси ја предводи Аргентина во обидот да ја одбрани светската титула на Светското првенство 2026, новото правило на Аргентинската фудбалска федерација создаде необичен парадокс – доколку денес ја започнуваше својата кариера, најверојатно немаше да може да игра за младинските репрезентации на својата земја.

Новата регулатива, воведена на почетокот на годинава, има цел да ги заштити аргентинските клубови од прераното заминување на најголемите таленти во Европа.

Кого ќе погоди новото правило?

Според новата одлука, фудбалерите кои ќе ја напуштат Аргентина пред да потпишат прв професионален договор со домашен клуб повеќе нема да бидат повикувани во младинските национални селекции. Токму тоа би се однесувало и на Меси, кој како 13-годишник го напушти Њуелс Олд Бојс и се пресели во академијата Ла Масија на Барселона.

Во Аргентина професионален договор може да се потпише дури на 16-годишна возраст, што им овозможува на младите таленти да заминат во странство без класичен трансфер. Во такви случаи, клубовите добиваат само надомест за развој на играчот, наместо целосен трансфер.

Федерацијата сака да ги заштити клубовите

Директорот на младинските репрезентации на Аргентина, Хавиер Мендез Картиер, објасни дека целта е да се заштитат интересите на клубовите кои ги создаваат идните репрезентативци.

„По одлука на претседателот и Извршниот одбор, сакаме да ги заштитиме клубовите што ги развиваат играчите. Оној што ќе ги искористи родителските права за да замине во странство пред да потпише професионален договор нема да биде повикуван во ниту една младинска репрезентација“, изјави Картиер.

Одлуката, според Федерацијата, била донесена едногласно.

Не е само Меси

Освен Меси, новото правило би погодило и други денешни аргентински репрезентативци.

Меѓу нив се: Емилијано Мартинез, кој како тинејџер од Индепендиенте замина во Арсенал, Џулијано Симеоне, кој од Ривер Плата се пресели во Атлетико Мадрид. Според аргентинските медиуми, непосреден повод за воведување на правилото било заминувањето на 16-годишниот Лукас Скарлато од Ривер Плата во Парма без претходно да потпише професионален договор.

Меси го чека историски дуел со Англија

Иронијата е што токму Меси, кој според новите правила би имал многу потежок пат до националниот тим, сега ја предводи Аргентина во полуфиналето на Светското првенство. Аргентина по продолженија ја совлада Швајцарија со 3:1, а во борбата за финалето ќе се соочи со Англија. Тоа ќе биде прв репрезентативен натпревар на Меси против Англија.

„Англија е фудбалска велесила и натпреварите против такви селекции секогаш се посебни. Играв против речиси сите големи репрезентации, но никогаш против Англија, па и поради тоа овој меч ќе биде посебен“, изјави Меси.

Тој додаде дека аргентинскиот тим повторно покажал карактер.

„Повторно страдавме, но оваа екипа никогаш не престанува да верува. Повторно сме меѓу четирите најдобри селекции во светот.“

Аргентина ќе се обиде да ја освои втората последователна и четвртата светска титула, додека за Меси ова е рекордно шесто Светско првенство во кариерата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс