Повеќе од 10.000 веспа скутери се собраа денес во Рим и се возеа околу Колосеумот и покрај Римскиот форум, одбележувајќи 80 години од создавањето на овој мото бренд.
Како што објави Асошиејтед Прес, љубителите на Веспа дојдоа од различни делови на светот, вклучувајќи ја Европа, Велика Британија, САД, Австралија и Филипините, за да учествуваат на настанот, кој симболично ја одбележа годишнината од брендот кој често се поврзува со италијанскиот стил и „la dolce vita“.
Многу учесници истакнаа дека Веспата претставува слобода, носталгија и дизајн кој е препознатлив со децении, додека одредени настани ги поврзаа со свои лични годишнини и патувања.
Веспата станала позната на пошироката јавност по филмот „Одмор во Рим“ од 1953 година, а се појавува и во подоцнежните филмски продукции, со што го консолидирала својот статус на културна икона.
Компанијата Piaggio, која произведува Vespa, е создадена по Втората светска војна, а првите модели, според компанијата, биле наменети за поширока употреба, вклучително и за жени, поради едноставноста на управувањето и дизајнот.
Според компанијата, околу 20 милиони Веспи се продадени низ целиот свет од 1946 година, а денес овој бренд се продава во повеќе од 100 земји.