Поглаварот на Католичката црква, папата Лав, повика на прекин на насилството на еврејските доселеници врз Палестинците на окупираниот Западен Брег.
„Го обновувам мојот апел за прекин на насилството врз палестинското цивилно население. Ја молам меѓународната заедница да преземе мерки, со цел да се напредува кон решение за две држави, заради праведен и траен мир“, рече папата.
Ватикан ја поддржува идејата за идна палестинска држава, која би ги вклучувала Појасот Газа и Западниот Брег, и е признаена од повеќе од 150 членки на Обединетите нации, според Ројтерс.
Инаку, папата и претходно упатуваше апели за мир, но насилствата во Газа и на Западниот брег продолжуваат и понатаму.