Експерти предупредуваат дека на површината на овошјето и зеленчукот можат да остане нечистотија, бактерии и остатоци од пестициди, кои при сечење лесно преминуваат на делот што се јаде. Поради тоа, одредени намирници треба да се мијат дури и кога нивната кора не се консумира.
Иако дињата и лубеницата имаат дебела кора, на нејзината површина можат да остана бактерии кои ножот при сечење ги пренесува во внатрешноста на плодот. Поради нерамната кора, се препорачува миење со четка.
Бришењето од маица не ги отстранува бактериите и нечистотијата насобрани при бербата, транспортот и складирањето на јаболката. Ова важи дури и кога јаболката подоцна се лупат.
Бидејќи расте во земја, морковот често носи остатоци од почва и бактерии. Без разлика дали се лупи или не, потребно е темелно миење, најдобро со четка.
Сè повеќе луѓе јадат киви со кора заради дополнителните влакна, но плодот треба да се измие дури и кога кората не се јаде, за да не се пренесе нечистотија при сечење. Оризот, пак, не се мие поради бактерии, туку за да се отстрани вишокот скроб, прашина и ситни нечистотии, што го прави порастресит по варење.
Бидејќи кората на авокадото не се јаде, многумина прескокнуваат миење. Сепак, ножот може да пренесе бактерии и нечистотија од кората на делот што се јаде, па е доволно кратко плакнење пред сечење. Киноата секогаш треба да се плакне пред варење за да се отстранат прашината и природниот заштитен слој сапонин, кој остава горчлив или сапунест вкус.
Нутриционисти нагласуваат дека не се потребни посебни средства за миење овошје и зеленчук. Во повеќето случаи доволно е плакнење под млаз вода, по што намирниците треба добро да се исушат, особено ако се враќаат во фрижидер, бидејќи влагата го забрзува развојот на мувла и расипувањето на храната.