Ова се најпопуларните „last minute“ дестинации за одмор

Не секој одмор се планира со месеци однапред. Сè повеќе патници одлучуваат каде ќе патуваат само неколку дена пред тргнувањето, а ново истражување покажува кои дестинации најчесто ги избираат оние што сакаат патување во последен момент.

Анализата на компанијата Sirvoy, која развива системи за управување со хотелско сместување, ги опфати резервациите во независни хотели, пансиони, хостели, куќи за гости и други објекти за одмор. Како „last minute“ се сметаат резервациите направени седум или помалку дена пред пристигнувањето.

На врвот е Тајланд, каде што 74,8 отсто од резервациите биле направени во последната недела пред пристигнувањето. Дури 56,8 отсто биле резервирани само ден претходно или на самиот ден на пристигнување.

Втора е Филипините со 71,7 отсто резервации направени во последната недела, додека Австралија е трета со 61,2 отсто.

Во топ 5 се и Мексико со 59,7 отсто и Нов Зеланд со 58,3 отсто. На шестото место е Индонезија, каде што 55,8 отсто од резервациите се направени во последниот момент.

Интересно е што преостанатите четири места во топ 10 ги заземаат европски земји.

Норвешка е седма со 53,8 отсто, Финска осма со 53,3 отсто, Холандија деветта со 52,3 отсто, а листата ја затвора Шведска со 51,9 отсто.

Истражувањето покажува дека во сите десет водечки дестинации повеќе од половина од резервациите биле направени во рок од седум дена пред пристигнувањето.

Според Sirvoy, ова укажува на растечка подготвеност кај патниците да бидат поспонтани и да го изберат одморот непосредно пред патувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс