Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во соработка со Коалиција Маргини, ХЕРА и Еквалис, за првпат објавува отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ.
„Во рамки на повикот, на квир уметноста не и’ пристапуваме исклучиво врз основа на сексуалноста или родовиот идентитет на уметникот. Нашиот пристап на читање и интерпретација на уметничката продукција означена како квир вклучува поширок пристап“, се вели во повикот.
Наградата е во бруто износ од 1000 американски долари во денарска противредност, како и презентација на делото на фестивалот Скопје Прајд Викенд 2025 – Фестивалот за квир култура, уметност и теорија.
Заинтересираните уметници можат да аплицираат со предлог концепт за ново дело, или со продолжение и екстензија на постоечко дело, како и со портфолио од својата досегашна пракса.
Рокот за пријавување е до 22.12.2024, а повеќе детали за повикот може да најдете на веб страната на Хелсиншкиот Комитет за човекови права.