Оптимизам на крипто-пазарот: Биткоинот повторно во раст

Вредноста на биткоинот порасна за 0,21 отсто на берзата „Бајненс“, додека раст бележат и етериумот, солана и другите водечки криптовалути.

На пазарот на криптовалути денеска преовладува оптимизам, а вредноста на биткоинот (BTC) во 15 часот на најголемата светска крипто-берза Binance достигна 68.879,28 евра, што претставува раст од 0,21 отсто. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 29,14 милијарди евра, пренесува Tanjug.

Специјализираните крипто-портали, меѓу кои и CoinDesk, денеска укажуваат на мешани сигнали од глобалните пазари. Од една страна доминира претпазливост поради геополитичките тензии, а од друга расте оптимизмот во технолошкиот сектор поттикнат од развојот на вештачката интелигенција.

Глобалните фондови за криптовалути забележале прилив од 858 милиони долари во последната недела, што е шеста последователна позитивна недела за секторот. Индексот „Страв и алчност“ (Fear and Greed Index) за биткоинот денеска се наоѓа на ниво 48, во категоријата „неутрално“, што е мало подобрување во однос на вчерашните 47 поени.

Раст денеска бележат и другите водечки криптовалути. Вредноста на етериумот (ETH) е повисока за 0,25 отсто и изнесува 1.980,35 евра, додека „бајненс коин“ (BNB) порасна за 0,88 отсто на 556,79 евра.Криптовалутата солана (SOL) скокна за 1,73 отсто на 80,72 евра, а аваланш (AVAX) порасна за еден отсто и достигна 8,57 евра.

Најголем обем на тргување денеска е забележан кај биткоинот, етериумот и солана.

„Кога станува збор за туристите, пазарот моментално покажува дека дел од патниците ќе почувствуваат дополнителен финансиски товар“, рече германската министерка.

Од друга страна, повисоките цени на билетите им овозможуваат на авиокомпаниите полесно да ги покријат трошоците и да обезбедат доволен број авиони за летната сезона.

„Ситуацијата останува стабилна, но со повисоки цени“, заклучи Рајхе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс