OpenAI почна со воведување на нов безбедносен режим наречен Lockdown Mode, односно „режим на заклучување“. Станува збор за опционална безбедносна поставка дизајнирана да им понуди на корисниците зголемена заштита од напади преку таканаречено „брзо вметнување инструкции“ (prompt injection).
За оние што не се запознаени, prompt injection претставува форма на социјален инженеринг специфична за разговорни чет-ботови, при која напаѓачите се обидуваат да го манипулираат системот преку скриени или злонамерни инструкции. Режимот на заклучување претставува дополнителен слој на заштита над веќе постоечките безбедносни механизми во системите на ChatGPT.
Според компанијата, овој режим не е наменет за сите корисници, туку главно за лица и организации кои работат со чувствителни податоци и имаат потреба од повисоко ниво на безбедност и намален ризик од кражба или злоупотреба на информации преку AI напади.
Што ограничува „Lockdown Mode“?
Кога е активиран, режимот ограничува дел од функционалностите на ChatGPT и другите производи на OpenAI сè уште е можно генерирање слики и прикачување фотографии, чет-ботот не може автоматски да презема датотеки за анализа, корисниците сепак можат рачно да прикачуваат документи за анализа и функции како „длабинско истражување“ и „агентски режим“ се целосно оневозможени.
Покрај тоа, OpenAI воведува и активен менаџер на сесии, кој им овозможува на корисниците да ги видат сите уреди и прелистувачи преку кои е пристапено до нивната сметка. Исто така, овозможено е одјавување од поединечни или сите активни сесии одеднаш. Информацијата е пренесена од весникот Независне новине, со дополнителни технолошки анализи од порталот PCPress.