Македонците лани потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн купувања во странство

Во 2025 година Македонците направиле 12,4 милиони онлајн трансакции во странство вредни 427,8 милиони евра, најмногу за авиобилети, хотели и купувања преку Temu и Amazon.
Showing Cart Trolley Shopping Online Sign Graphic

Во 2025 година, граѓаните од Македонија реализирале 12,4 милиони онлајн трансакции во странство со вкупна вредност од 427,8 милиони евра, покажува анализа на Асоцијацијата за е-трговија, изработена врз основа на податоци од Народната банка. Најмногу пари завршиле за авиобилети, хотелски резервации и купувања преку големи платформи како Temu и Amazon.

Македонците не штеделе на онлајн купувања во странство во текот на 2025 година. Според анализата на Асоцијацијата за е-трговија, со платежни картички биле направени 12,4 милиони онлајн трансакции, а вкупната вредност достигнала 427,8 милиони евра.

Најголем дел од средствата биле потрошени за услуги и производи поврзани со патувања, пред сè за авиобилети и хотелски резервации, но и за купување преку глобални платформи како Temu и Amazon. Овие бројки, според анализата, покажуваат дека прекуграничната е-трговија продолжува силно да расте.

Во споредба со 2024 година, вредноста на онлајн трансакциите е зголемена за 50 проценти, додека бројот на трансакции пораснал за 69 проценти. Просечната вредност на една трансакција изнесувала 34 евра, што е за 11 проценти помалку од претходната година.

Најголем дел од онлајн плаќањата биле реализирани во Ирска, Холандија, Обединетото Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург. Според анализата, дури 74 проценти од вкупната вредност и 83 проценти од бројот на трансакции се поврзани токму со овие земји. Ирска е на врвот со 92,1 милион евра и 4,8 милиони трансакции, додека Холандија следи со 62,4 милиони евра.

Најголем раст на бројот на трансакции е забележан во Германија и Кипар, додека пад има во Луксембург и Обединетото Кралство. Во однос на просечната вредност на трансакција, највисока е во Унгарија, каде што изнесува 152,2 евра, а најниска во Луксембург, со 14,1 евра.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска Станков, оценува дека овие трендови упатуваат на пошироки структурни промени во глобалната е-трговија. Според неа, високото учество на Ирска е поврзано со тоа што таму се лоцирани европските операции на компании како Amazon, Google, Meta и Apple, а таму се процесираат и плаќањата за Temu и за бројни дигитални услуги. Холандија, пак, има силна улога како е-commerce и логистички центар, но и како седиште на Booking.com, што ја објаснува нејзината позиција кај патувањата и резервациите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни