Олимпискиот котел во Париз би можел да остане како трајна инсталација

Фото: Instagram/mbozhkovaa

Олимпискиот котел, на кој се наоѓа олимпискиот огам и огромниот балон кој секоја ноќ се подигнува над Париз стана толку популарен призор што би можел да стане трајна атракција во главниот град на Франција.

Олимпискиот план лебди во градината Туилери, помеѓу музејот Лувр и Луксон е една од иновациите на овогодинешните Олимписки игри.

Огнениот прстен всушност нема оган, бидјеќи е креиран од магла осветлена со ЛЕД светилки, направена од француската енергеетска компанија EDF, кои користат струја од целосно обновливи извори. Секоја вечер на зајдисонце, балнот од 30 метри се крева во небото на два часа.

Сите 10 илјади дневни билети за гледање одблиску како се подигнува се резервирани до крајот на Олимписките игри, а балонот ќе се врати во Париз за Параолимписките игри на крајот на месецот.

Вистинскиот олимписки оган, донесен од Грција во Франција е поставен неколку чекори подолу од котелот во заштитена ламба.

Многу паришки политичари велат дека оваа инсталација треба да остане во Париз и по игрите, но се чека одлуката на владата на Макрон. Тој за медиумите изјави дека за тоа има желба од многу луѓе и дека неговиот тим ќе ја истражи можноста.

Идеата за олимпискиот котел да остане трајна инсталација ја објави градоначалничката на Париз, Ан Хидалго, која додаде дека и олимписките кругови треба да останат на Ајфеловата кула.

„Јас не сум таа која одлучува, бидејќи се наоѓа на територијата на Лувр, кој припаѓа на државата, поради тоа го контактирав претседателот“ изјави таа.

Париските власти исто така имаат идеја, доколку котелот не може да остане каде што е сега, да биде преместен на крајот од градот како трајна инсталација.

Огромната популарност на новата знаменитост, каде што илјадници луѓе се фотографираат секој ден, го изненади дури и неговиот дизајнер Матју Лехане.

„Трогнат сум затоа што не очекував или барем не до овој степен“, изјави тој за АФП. „Тоа е превртено зајдисонце: ритуалот и секојдневното издигнување на олимпиското сонце. Поддршката беше моментална. Размисливме за тоа и дизајниравме да може целосно да се рециклира по Игрите, а сега размислуваме за неговата долгорочна судбина“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Најново

Последни колумни