ОЈО Скопје ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

„Основното јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон“ велат од ОЈО Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е оформен предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

„Доколку бидат утврдени елементи на  кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон“ велат од ОЈО Скопје.

Претходно неделава, медиуми открија голема дива депонија полна со токсичен отпад непосредно пред заштитеното подрачје на Рашче.

Од Град Скопје излегоа со уверување дека депопнијата не влијае врз изворите на Рашче и дека проблемот, као што кажаа постоел веќе 30 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс