Оилтек, водечкиот лиценциран колективен постапувач за управување со отпадни масла во Република Северна Македонија, со гордост ги објавува своите рекордни достигнувања за 2024 година. Оваа година претставува клучен момент за еколошката одржливост, благодарение на извонредните напори и резултати што ги постигна во собирањето и рециклирањето на отпадното масло.
Преку усогласена стратегија и имплементација на функционален систем за собирање, складирање и преработка на масло, како и воведување на специјализирана опрема според највисоките меѓународни стандарди за управување со опасен отпад, Оилтек не само што ги надмина националните цели, туку постави и нови стандарди за одговорно управување со отпадното масло и заштита на животната средина.
Сеопфатна инфраструктура за собирање и преработка на отпадно масло и масти:
Спроведување на сеопфатна мрежа на собирни места и капацитети за ефикасно и практично собирање на искористено масло од производители, автомобилски сервисни центри, индустриски капацитети и други генератори на отпадно масло.
Мотивирање и поддршка на бизнис секторот да инвестира во најсовремени технологии за рециклирање и капацитети способни за прерафинирање на искористеното масло во висококвалитетно базно масло и други вредни нуспроизводи.
Формирајќи стратешки партнерства со производители/увозници, транспортери, рециклатори и еколошки организации градиме еко систем за максимално искористувањена ресурсите и експертизата. Соработувајќи на заеднички иницијативи, истражувачки проекти и кампањи за застапување за промовирање на одржливи практики за управување со отпадно масло, директно влијаеме на зголемување на квалитетот на животот на лугето.
Импресивни резултати од 2024 година: според бројките
Собрано отпадно масло: Оилтек успешно собра над 270 тони отпадно моторно масло од деловни субјекти, граѓани и автомеханичари ширум Македонија во првите три квартали од 2024 година. Се очекува оваа бројка да ја надмине границата од 350 тони до крајот на годината, поставувајќи високи цели и стандарди во индустријата за одговорно управување со отпад.
Рециклирање во домашни капацитети: Од вкупната количина на собрано масло, 150 тони беа успешно преработени и рециклирани во капацитети во Македонија. Ова директно придонесе за зајакнување на локалната економија, создавање нови ресурси и намалување на зависноста од увоз на суровини.
Безбеден извоз: Преостанатите 120 тони отпадно масло беа транспортирани во сертифицирани меѓународни центри за рециклирање, гарантирајќи безбедно и правилно ракување со отпадот и негово повторно користење како ресурс.


Влијание врз животната средина во 2024 година
Напорите на компанијата се претворија во значителни еколошки придобивки за Македонија:
Спречување на загадувањето: Со одговорно управување со отпадното масло, Оилтек спречи над 270 тони опасен отпад да ги загадува водата, почвата и воздухот. Ова е еднакво на заштита на 3,5 милијарди литри вода од контаминација.
Намалување на јаглеродниот отпечаток: Рециклирањето на искористеното масло ја намалува потребата за екстракција на сурова нафта, заштедува енергија и ги намалува емисиите на јаглерод.
Промовирање на кружна економија: Преку своите иницијативи за рециклирање, Оилтек заедно со центрите за рециклирање, го претвори отпадното масло во вредни производи, поддржувајќи одржлива економија и намалувајќи ја зависноста од конечни ресурси.
Надминување на националните цели
Согласно законската регулатива според која се формирани друштвата за колективно постапување, националната цел за собирање на отпадно масло во 2025 година е 15% од вкупната количина на ново масло со која управува колективниот постапувач. Иако формирани во 2024та година и без законска обврска за собирање и рециклирање на масло оваа година, Оилтек покажа сериозен и професионален пристап кон поставување на функционален систем, бидејќи компанијата ги надмина националните стратешки цели поставени за собирање и управување со отпадни масла. Со стапка на собирање што надминува 20% над националната цел, Оилтек ја докажа својата посветеност на еколошката совршеност и способноста да биде пример во секторот за управување со отпад, со што несомнено влева доверба во нејзините партнери и членки.
„Овие резултати ја потврдуваат посветеноста и професионализмот на нашиот тим, но и на сите наши партнери и членки, кои со своето активно учество ја поддржуваат нашата стратегија за одговорно и ефикасно отстранување на отпадното масло. Преку оваа иницијатива, не само што ги минимизираме негативните влијанија врз животната средина, туку и даваме конкретен пример за тоа како одговорноста и иновациите можат да се комбинираат за постигнување на одржливи резултати. Заедно, создававме модел кој не само што ги подобрува локалните заедници, туку и дава глобален допринос кон зачувување на природата и ресурсите за идните генерации.“ , рече Борче Кузмановски, генерален менаџер на Оилтек.

Гледајќи напред: Визија за одржливост
Оилтек останува посветена на надградбата на овогодинешниот успех. Во 2025 година, компанијата има за цел:
Да ја прошири својата мрежа на собирни места, правејќи го одговорното отстранување уште подостапно.
Да се зајакнат кампањите за подигање на јавната свест за да се едуцираат граѓаните за важноста од рециклирање отпадно моторно масло.
Соработка со индустриски партнери за развивање иновативни технологии и решенија за рециклирање како и воведување на паметно управување со отпад преку QR кодови на садовите за собирање и складирање.
Носејќи ја тежината на одговорноста и довербата што ни ја доделија нашите членки, водечките увозници на масло во Македонија, секој наш чекор и одлука се водат од стратегијата за долгорочен успех и стабилност. Како тим, свесни сме за значењето на нашата работа и горди сме на постигнатите резултати оваа година, но знаеме дека пред нас стојат многу предизвици и можности за напредок во годините што следат “, додаде Борче Кузмановски. „Оилтек ќе продолжи да се залага за почиста и позелена Македонија, се стремиме кон тоа да бидеме лидер во секторот и да создадеме одржливи решенија кои ќе ја подобрат животната средина за сите нас “.
Повик за акција
Оилтек ги охрабрува сите сопственици на возила и бизниси да се приклучат на движењето за одржливост со одговорно отстранување на отпадното моторно масло. Заедно, можеме да ги заштитиме нашите природни ресурси и да изградиме поздрава, поодржлива иднина.
За повеќе информации за иницијативите на Оилтек или за да најдете место за собирање во ваша близина, посетете ја официјалната веб-страница на Оилтек или контактирајте со тимот.
За Оилтек:
Оилтек е лиценциран колективен постапувач за масло и отпадно масло во Македонија
Комплетно посветени да обезбедат целосна усогласеност со прописите за Проширена одговорност на производителот (EPR) и другите релевантни закони за животната средина и управувањето со отпад. Целосна поддршка за производителите на масло во исполнувањето на нивните законски обврски за управување со масло, истовремено одржувајќи ги највисоките стандарди за заштита на животната средина.