Холоденко важи за еден од позначајните пијанисти на својата генерација, а меѓународното внимание го привлече во 2013 година, кога победи на престижниот Меѓународен пијанистички натпревар „Ван Клибурн“ во САД.
Неговите настапи се препознаени по техничката прецизност, динамичните интерпретации и внимателното градење на музичката драматургија. Во досегашната кариера настапувал како солист и со оркестри во Европа, Северна Америка и Азија.
Пијанистот е роден во Киев, а музичкото образование го започнал во Украина и го продолжил на Московскиот државен конзерваториум „Чајковски“. Добитник е и на награди на повеќе меѓународни натпревари, меѓу кои натпреварите „Шуберт“ во Дортмунд и „Сендаи“ во Јапонија.
Концертот е дел од класичната музичка програма на „Охридско лето“, фестивал кој традиционално носи истакнати домашни и странски уметници на сцените во Охрид.