Современата jazz интерпретација на легендарната македонска песна предизвика бран реакции на социјалните мрежи, во медиумите и меѓу јавноста. Дел ја доживуваат како носталгија, дел како освежување, а многумина велат дека токму вакви културни проекти недостигале во јавниот простор.
Особено внимание привлече фактот што целата комуникација е суптилна и достоинствена. Без агресивен branding, без класичен рекламeн пристап и без обид по секоја цена да се создаде viral момент. Наместо тоа, фокусот е ставен на музиката, емоцијата и чувството на припадност што песната го носи со децении.
Токму затоа проектот успеа да допре до толку различна публика. Помладите генерации ја откриваат „Билјана“ на нов начин, додека повозрасните во неа повторно препознаваат дел од сопствените спомени.
Во време на поделби, брзи содржини и кратко внимание, можеби најголемата вредност на овој проект е токму тоа што повторно создаде заедничко чувство околу една песна што одамна е повеќе од музика.