Оваа година, по дванаесетти пат, публиката ќе има можност да ужива во звуците на староградската музика, која веќе стана заштитен знак на концертите на „Билјана“. Специјалниот гостин на оваа годинашна вечер е реномираната Вера Милошевска Јосифовска, водечки вокал на групата „Љубојна“, која со својата исклучителна интерпретација ќе ја направи оваа вечер уште попосебна.
Билетите за овој уникатен музички настан се во ограничен број, со цена од 300 денари. Резервации може да се направат преку телефонскиот број 076/212-680, а билетите ќе можат да се подигнат на самиот влез еден час пред почетокот на концертот. Не ја пропуштајте оваа можност за една вечер исполнета со традиционална музика во магичниот амбиент на Охрид!