Огромен пад на сообраќајот од Google: Вештачката интелигенција го менува интернетот и иднината на медиумите

Google започна со голема трансформација на својата платформа, со која корисниците ќе добиваат сè повеќе одговори директно во пребарувачот, без потреба да отвораат други веб-страници.
BERLIN, GERMANY - SEPTEMBER 26: A visitor passes the Google logo on September 26, 2012 at the official opening party of the Google offices in Berlin, Germany. Although the American company holds 95% of the German search engine market share and already has offices in Hamburg and Munich, its new offices on the prestigious Unter den Linden avenue are its first in the German capital. The Internet giant has been met with opposition in the country recently by the former president's wife, who has sued it based on search results for her name that she considers derogative. The European Commission has planned new data privacy regulations in a country where many residents opted in to have their homes pixeled out when the company introduced its Street View technology. (Photo by Adam Berry/Getty Images)

Традиционалното пребарување на интернет постепено ја губи својата доминантна улога, иако сè уште останува еден од главните извори на посети кон веб-страниците. Во последните две години, сообраќајот што Google го носи кон порталите во просек е намален за околу 30 отсто, а се очекува падот дополнително да се забрза со најавените промени во начинот на кој функционира пребарувачот.

Google започна со голема трансформација на својата платформа, со која корисниците ќе добиваат сè повеќе одговори директно во пребарувачот, без потреба да отвораат други веб-страници. Новиот пристап се оддалечува од моделот „пронајди веб-страница“ и се движи кон моделот „веднаш реши ја намерата на корисникот“.

Тоа значи дека корисниците сè почесто ќе добиваат готови одговори од вештачката интелигенција, наместо листа со линкови кон различни извори.

Според анализите, кога во резултатите од пребарувањето се појавува AI-одговор, дури 83 отсто од корисниците не кликнуваат на ниту еден резултат. Со други зборови, од 100 луѓе кои поставуваат прашање на Google, повеќе од 80 добиваат одговор без воопшто да посетат некоја веб-страница.

Медиумите се меѓу најпогодените

Новата реалност создава сериозен притисок врз издавачкиот сектор. Намалениот број кликови значи помалку посети, а тоа директно влијае врз приходите од огласување, бидејќи огласувачите најчесто се насочуваат кон медиуми со голема публика.

Поради тоа, сè повеќе медиуми почнуваат да бараат нови модели на финансирање, како претплати, членства и платен пристап до содржини.

Во моментов раст бележат главно веб-страниците кои успешно го користат Google Discover – платформата која на корисниците им предлага содржини според нивните интереси. Порталите кои не се присутни таму се соочуваат со уште поголеми предизвици.

AI алатките стануваат нов начин на пребарување

Корисниците сè почесто разговараат со алатки базирани на вештачка интелигенција за да добијат информации, наместо класично да пребаруваат по еден по еден поим и да отвораат повеќе страници.

AI алатките собираат и сумираат информации од различни извори, а корисникот може дополнително да поставува прашања и да го насочува разговорот кон конкретен одговор. Линковите најчесто се отвораат дури на крајот – кога треба да се направи купување, резервација или друга конкретна активност.

Во таква средина, предноста во иднина можеби нема да биде само голем број посети, туку силен и препознатлив бренд кој корисниците намерно ќе го бараат.

Крај на ерата на класичниот SEO?

Промените во однесувањето на корисниците го ставаат под прашање целиот досегашен модел на SEO оптимизација, во кој медиумите се натпреваруваа за подобра позиција на Google и поголем број кликови.

И пред појавата на генеративната вештачка интелигенција, голем дел од пребарувањата завршуваа без клик, бидејќи Google постепено задржуваше сè повеќе кориснички активности во сопствениот екосистем.

Со новата ера на AI пребарување, борбата за внимание на интернетот станува уште покомплексна – медиумите повеќе нема да се натпреваруваат само за позиција во пребарувачот, туку и за довербата на корисниците и препознатливоста на нивниот бренд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс