Огнена закана во Скопје и Липково: Два активни пожари горат во ниска вегетација

Во Македонија се регистрирани три пожари на отворен простор, од кои два се активни во Гази Баба и Липково. ЦУК алармира за засилена опасност од ширење на огнот.
Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 14 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно три пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, додека еден е целосно изгаснат.

Активните пожари се лоцирани во општините Гази Баба и Липково.

Гори ниска вегетација кај Трубарево и Опаје

Првиот активен пожар е во Општина Гази Баба, во близина на селото Трубарево, каде што гори ниска вегетација и ниска шума. Вториот пожар е регистриран во Општина Липково, кај селото Опаје, каде пламените јазици зафатиле ниска вегетација и земјоделски површини со жито.

Според информациите на ЦУК, пожарот кој бил изгаснат се случил во Велес, на улица „Димко Најдов“, каде била зафатена ниска вегетација.

ЦУК апелира за внимателност, особено во период на високи температури и суша, кога ризикот од

е-Трн да боцка во твојот инбокс