Холивудските продуценти ја гледале Одри Хепберн како идеален избор за филмската адаптација на „Дневникот на Ана Франк“, но легендарната глумица ја одбила улогата. Авторизираната биографија „Intimate Audrey“ открива дека преживеаните ужаси од нацистичката окупација во Холандија и силната емотивна поврзаност со судбината на Ана Франк и создадоа трауматични враќања на минатото, поради кои таа емотивно не била подготвена да го преживее истиот кошмар пред филмските камери.
Детството на Одри Хепберн било одбележано со жестоките последици од Втората светска војна. Како тинејџерка во окупираната Холандија, глумицата речиси умрела од глад, додека секојдневно сведочела на депортации и исчезнувања на луѓе од нејзиното соседство.
Во биографијата напишана од нејзиниот син Шон Хепберн Ферер и Венди Холден, се наведуваат нејзините сеќавања за семејствата со бебиња туркани во дрвени сточни вагони. Хепберн посебно се сеќавала на едно девојче во црвен капут кое се качило во возот, спомен што подоцна го споделила со Стивен Спилберг и кој послужи како инспирација за познатата сцена во филмот „Шиндлеровата листа“.
Со ракописот на дневникот Хепберн се сретнала уште во 1946 година во Амстердам, кога го добила од сосед кој работел во издавачка куќа. Читањето на текстот предизвикал плачење кое траело неколку денови бидејќи текстот на Ана Франк совршено го пресликувал нејзиното сопствено искуство на изгубена слобода, четири ѕидови и страв.
Ана во дневникот го запишала дури и стрелањето на заложници, меѓу кои бил и вујкото на Одри, Ото. Идејата повторно да ги проживее овие спомени за потребите на филмот ѝ создало кошмари, поради што улогата на крајот ѝ припадна на Мили Перкинс.
Иако не ја одигра улогата на филмското платно, зборовите и пораката на Ана Франк ја следеа Хепберн до крајот на животот.