Одбраната бара да сведочат и повредените од „Пулс“

Денешното рочиште го одбележа барањето на адвокатите на одбраната пред Судот да сведочат и повредените лица

Денеска во Кривичниот суд во Идризово се одржа ново судско рочиште за предметот „Пулс“ каде во пожар загинаа 63, а над 200 лица беа повредени.

Покрај фактот во судница не се појави ниту еден сведок на Обвинителството, денешното рочиште го одбележа барањето на адвокатите на одбраната пред Судот да сведочат и повредените лица.

Иако обвинителството побара повлекување на дел од сведоците поради нивните претрпени трауми и физички повреди, адвокатите на 35-темина обвинети не дадоа согласност. Тие тврдат дека само тешки пречки како шизофренија или деменција се законска основа за отсуство од судница.

Тоа предизвика револт кај родителите на загинатите деца, кои го следат процесот во судницата. Според нив, ваквиот однос на адвокатите е нечовечен и претставува намерно опструирање и развлекување на правдата.

Судскиот процес за пожарот во „Пулс“ започна на 19 ноември минатата година и претставува еден од најобемните предмети со голем број обвинети и оштетени лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни