Одат ли малите пластични шишиња за вода во заборав?

Француски политичар повика на забрана за употреба на мали пластични шишиња со вода, нарекувајќи ги „целосно апсурдни“ и „небулоза за животната средина“.
Фото: Steven Depolo

Пјер Казнев, пратеник на владејачката партија Преродба, оваа недела предложи закон со кој може да се стави крај на шишињата помали од половина литар.

Според него, шишињата од 33, 25 или 17 cl содржат 20 до 25 грама пластика „за само три или четири голтки вода“. Сепак, во забраната не се вклучени поголемите пластични шишиња.

Предлогот мора да помине низ неколку законски чекори за и официјално да стане закон, а за тоа ќе биде потребна расправа во парламентот и поддршка од владејачкото мнозинство.

Тоа најверојатно нема да се случи бидејќи во моментов таму во парламентот има жестоки поделби, а ниту една партија не успеа да формира мнозинство.

Сепак, според неодамнешната анкета на „OpinionWay“, една третина од Французите би ја поддржале забраната.

Секоја година во Франција се произведуваат најмалку 13 милијарди пластични шишиња. Значителен дел од нив не се рециклираат, а голем дел завршуваат во океаните, што предизвикува огромна штета на животната средина.

Франција, и покрај сето ова, сè уште нема закон за краткорочна употреба на пластика.

Таканаречениот закон за отпад ја забрани употребата на пластика за еднократна употреба како прибор за јадење, сламки, кутии за испорака на храна… но пластичните шишиња не беа споменати. Граѓаните, пак, се охрабруваат да не купуваат нови шишиња, туку да користат шишиња за повеќекратна употреба.

Компанијата „Нестле“ призна дека преработува вода за своите големи брендови како „Периер“ и „Вител“ со ултравиолетови зраци и филтри со активен јаглен, што не е легално во Франција – директивата на Европската унија забранува дезинфекција на минерална вода, која треба да биде со природно висок квалитет пред да биде флаширана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни