Како младинскиот активизам да прерасне во долгорочно лидерство и како енергијата од протестите да се претвори во конкретни општествени промени? Овие прашања ќе бидат во фокусот на интерактивната работилница „Од протестен дух до општествени промени“, која ќе се одржи на 16 ноември во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје.
Работилницата е наменета за млади на возраст од 17 до 30 години кои сакаат активно да учествуваат во општествените процеси, да придонесат за градење доверба и да помогнат во надминувањето на поделбите во заедницата.
Учесниците ќе имаат можност да разговараат за улогата на младите во процесите на помирување, за значењето на граѓанскиот ангажман и за начините на кои активизмот може да прерасне во одржливи иницијативи.
Работилницата ќе ја водат Савче Ѓошева и Бленди Ходаи, а програмата предвидува интерактивни дискусии, размена на искуства и истражување на можностите за младинско лидерство.
Настанот ќе се одржи од 14 до 18 часот, а заинтересираните можат да се пријават преку онлајн-формуларот.
Активноста е поддржана од проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Европската Унија.
Пријавување: https://forms.gle/tb5p3eezreZvZR776
