По викендот со постабилно време, од понеделник низ Македонија повторно се враќа дождот. Според прогнозата, од 20 до 22 април ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи, а на одделни места дождот ќе биде пообилен и проследен со краткотрајна нестабилност, грмежи и засилен ветер.
Во понеделник, 20 април, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но од пладневните часови се очекува повремен локален дожд. Наместа ќе има услови и за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринските температури ќе се движат од 4 до 9 степени, а дневните од 16 до 23 степени.
Во вторник, 21 април, врнежите ќе бидат почести, а локално и пообилни. И натаму ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, додека температурите ќе бидат во дополнително опаѓање. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната од 14 до 21 степен.
Во среда, 22 април, променливото време ќе продолжи со повремени врнежи од дожд, поизразени во западните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се движат од 2 до 8 степени наутро и од 13 до 20 степени во текот на денот.
Новата недела, според прогнозата, ќе донесе посвежо време и почеста појава на дожд, па граѓаните ќе треба повторно да ги подготват чадорите.