Од 21ви до 24ти април Скопје без жичница до Милениумскиот крст

Поради редовна техничка проверка што ќе ја спроведуваат стручни тимови од „Doppelmayr“, жичницата до Водно четири дена ќе биде надвор од функција.

Жичницата до Милениумскиот крст привремено ќе престане со работа од 21 до 24 април, поради техничка контрола што ќе ја спроведуваат експерти од австриската компанија „Doppelmayr“.

Во овој период нема да се врши превоз на патници, а од ЈСП Скопје информираат дека станува збор за редовна проверка на системот.

Жичницата повторно треба да биде пуштена во употреба од 25 април, кога ќе продолжи да сообраќа според вообичаениот распоред.

Од претпријатието им се заблагодарија на граѓаните за разбирањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни