Очајна потрага по преживеани во Венецуела: Над 1.430 загинати, околу 50.000 лица се водат како исчезнати

Според проценките на Обединетите нации, милиони луѓе се погодени од катастрофата, а спасувачките операции продолжуваат во надеж дека под урнатините сè уште има преживеани.
epa13065544 Rescue workers work at a building damaged by an earthquake in the Altamira area of Caracas, Venezuela, 25 June 2026. Venezuelan authorities reported at least 235 deaths and at least 4,300 injuries after two earthquakes, measuring magnitudes 7.2 and 7.5, mainly affected Caracas and nearby La Guaira state, as search efforts for survivors continued and the government assessed property damage. EPA/Boris Vergara

Спасувачките екипи и илјадници доброволци продолжуваат со очајната трка со времето во Венецуела, каде што по двата катастрофални земјотреси од 7,2 и 7,5 степени според Рихтер, бројот на загинати достигна најмалку 1.430, додека околу 50.000 луѓе се водат како исчезнати.

Најтешко е погодена крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, во близина на главниот град Каракас, каде што стотици згради се урнати или сериозно оштетени. Семејства со голи раце, лопати и импровизирани алатки ги расчистуваат урнатините во надеж дека ќе пронајдат преживеани.

Спасувачите нагласуваат дека првите 72 часа по земјотрес се клучни за пронаоѓање луѓе под урнатините, иако шансите за преживување се зголемуваат доколку заробените имаат пристап до вода и храна.

„Секој спасен човек е чудо“, изјави претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез.

Во меѓувреме, привремената претседателка Делси Родригез соопшти дека во спасувачките операции се вклучени меѓународни тимови од повеќе земји, меѓу кои САД, Мексико, Шпанија и Обединетото Кралство, но дека потребата од тешка механизација останува огромна.

Роднини ги слушаат гласовите на заробените

Во градот Катја ла Мар, роднините на 31-годишниот Карлос Едуардо велат дека повремено слушаат стенкање од под урнатините. „Го повикувавме по име и ни одговори со стенкање. Оттогаш повеќе не се јави. Само се надеваме дека ќе стигне помош навреме“, изјавил негов роднина.

Други семејства се жалат дека без специјализирани машини е невозможно да се извлечат заробените.

Почнува да се чувствува мирисот на смртта

Како што минуваат деновите, ситуацијата станува сè потешка. Жителите предупредуваат дека од урнатините веќе се шири силна непријатна миризба.

„Веќе се чувствува мирисот на мртвите. Се плашиме дека ќе се разболиме и ние и нашите деца“, вели жителката Глендис Делгадо, додавајќи дека државната помош сè уште не пристигнала во нејзината населба.

Многумина ноќите ги минуваат во автомобили или на отворено, плашејќи се од нови потреси и од можноста оштетените згради дополнително да се урнат. Според проценките на Обединетите нации, милиони луѓе се погодени од катастрофата, а спасувачките операции продолжуваат во надеж дека под урнатините сè уште има преживеани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс