Обидот за спојување на Microsoft и Activison откри дека трошоците за игри ќе надминат милијарда долари

Британските регулаторни тела го блокираа спојувањето помеѓу Microsoft и Activision Blizzard поради импликациите кои ваквото спојување ќе ги има врз cloud gaming-от. Покрај фактот дека одлуката значително ќе влијае на иднината на двете компании, документите открија и некои детали поврзани со зголемените трошоци за големите наслови на ААА.

Имено, некои од големите издавачи на пазарот тврдат дека трошоците за создавање на нивните игри понекогаш надминуваат милијарда долари.

Според документите, ААА игрите кои добиле зелено светло да се појават во текот на 2024 и 2025 година, генерално добиваат буџети од повеќе од 200 милиони. Call of Duty веќе надмина 300 милиони долари, а тоа се само трошоци за развој. Следниот дел од серијата Grand Theft Auto веќе има одобрен почетен буџет од над 250 милиони долари. Ако ги земеме предвид трошоците за маркетинг, оваа бројка лесно може да го надмине прагот од милијарда долари.

Едно големо студио кое развива нова игра во популарна франшиза тврди дека таа чинела 660 милиони долари за да се развие, а трошоците за маркетинг тој буџет го зголемиле за уште 550 милиони долари.

Тоа е огромен скок од ситуацијата пред пет години кога повеќето ААА игри имаа буџет помеѓу 50 и 150 милиони долари. Дополнително, документите ги покажаа и проблемите со кои се соочуваат студијата кои развиваат наслови за франшизата Call of Duty.

„Мораме да направиме толку многу содржини за Call of Duty што повеќе не можеме да се потпреме само на едно студио. Тој вид притисок не принудува да ангажираме се повеќе и повеќе надворешни соработници. Не мислиме дека тоа наскоро ќе се промени на подобро“, тврди Activision.

Како аргументи против спојувањето на двете компании се издвоија изјавите на Microsoft, кои не беа доволно убедливи, дека иако ќе дојде до спојување, игрите Call of Duty ќе може да се објавуваат и за Nintendo Switch, што се покажа како неточно, бидејќи оваа конзола не е технички доволно развиена за ваков тип на игри. Дополнително, иако Microsoft тврдеше дека нема да има поскапувања, во јавноста излегоа податоци дека Game pass услугата на компанијата ќе поскапи по спојувањето на компаниите.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс