ОАЕ повторно цел на ирански ракети и дронови, активирана воздушната одбрана

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека повторно се цел на ирански ракети и дронови, а системите за воздушна одбрана ги одбиваат нападите.
Фото: Tiger Properties

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека системите за воздушна одбрана ги одбиваат нападите, додека граѓаните се повикани да останат на безбедни локации.

Обединетите Арапски Емирати денеска соопштија дека повторно се цел на напади со ирански ракети и беспилотни летала.

Министерството за одбрана на ОАЕ информира дека системите за воздушна одбрана на земјата се активно вклучени во одговор на заканите и дека ги одбиваат нападите на Техеран.

Националната агенција за вонредни состојби ги повика граѓаните да останат на безбедни локации и да ги следат официјалните инструкции.

Претходно, ОАЕ соопштија дека пресретнале 15 ирански ракети и четири беспилотни летала.

Нападите доаѓаат во период на зголемени тензии во регионот на Персискиот Залив и Ормускиот Теснец, каде во последните денови се регистрирани повеќе безбедносни инциденти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни