Од вкупниот број прекршоци, според податоците од СВР Охрид дури 1.211 се за пребрзо возење. Гасот го даска освоил околу 85 отсто, резултат на кој би му позавиделе и најамбициозните партиски штабови.
Системот почнал да се применува на 12 октомври. Целта, според полицијата, е намалување на несреќите, особено на оние со загинати и тешко повредени.
Оценките на граѓаните се поделени. Некои забележуваат повнимателно возење, други сметаат дека ефектите допрва ќе се видат, додека возачите се навикнат на казнувањето.
Привикнувањето, изгледа, е најтешкиот дел. Камерата нема разбирање за „само малку побрзо“, а брзиномерот упорно ја покажува истата бројка што ќе заврши и во пријавата.
За полесна адаптација, покрај патиштата веќе постојат бесплатни упатства: кружни знаци со бројки.
