Процената на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) е направена врз основа на податоци од 750 избирачки места. Утринската излезност е за 6,8 процентни поени повисока во однос на изборите во 2023 година.
Истовремено, набљудувачката мисија соопшти дека до 9 часот биле пријавени повеќе од 70 неправилности.
Меѓу нив се фотографирање гласачки ливчиња, користење телефони, гласање надвор од параваните и семејно гласање. Пријавен бил и случај во кој еден избирач гласал наместо друго лице.
Според ЦеСИД, пријавени се и судири меѓу членовите на избирачките одбори, привремени прекини на гласањето, инциденти и закани кон гласачи, како и проблеми со изборниот материјал и проверката на избирачите.
Организацијата посебно предупредува дека на одделни избирачки места на набљудувачите не им бил дозволен пристап. Поради тоа, ЦеСИД ги контактирал надлежните и интервенирал за да им се овозможи да ја извршуваат својата работа.
