Нов удар врз Москва: што би можеле да донесат санкциите што ги најавува ЕУ?

Фото: Sébastien Bertrand, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Европската Унија подготвува нов пакет санкции против Русија, кој би можел да биде најсеопфатниот досега, најави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас. Таа порача дека притисокот врз Москва мора да продолжи сè додека не заврши војната во Украина.

Калас за германскиот весник „Ди Велт“ изјави дека досегашните санкции ѝ нанеле сериозни економски последици на Русија и го ограничиле финансирањето на нејзината воена машинерија.

Според неа, новите мерки што се подготвуваат за есен би можеле значително да го зголемат бројот на санкционирани руски лица и субјекти. Сепак, таа не откри кога точно ќе биде усвоен пакетот ниту кои дополнителни мерки ќе ги содржи.

ЕУ во јули го усвои последниот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, со дополнителни ограничувања во банкарскиот сектор и против мрежи поврзани со криптовалути.

е-Трн да боцка во твојот инбокс