Нови пожари во Грција, има загинати и стотици евакуирани

Две тела се пронајдени во близина на плажата Перистерија на југот од островот“, потврди член на спасувачките служби

Две лица се пронајдени мртви на островот Саламис, во близина на Атина, каде што денес речиси истовремено избувнаа два пожара и предизвикаа евакуација на стотици луѓе, соопштија противпожарните служби.

„Две тела се пронајдени во близина на плажата Перистерија на југот од островот“, потврди член на спасувачките служби за агенцијата АФП.

,,Издадена е наредба за евакуација. Стотици туристи и постојани жители се погодени“, изјави претходно портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопиос за државната телевизија ЕРТ.

Стотици пожарникари и чамци се мобилизирани

Два пожари беа забележани речиси истовремено во две популарни туристички области на југот и истокот од островот, прецизираше Артопиос.

Мобилизирани се околу 150 пожарникари, четири авиони и шест хеликоптери. Крајбрежната стража распореди пет брода.

Островот Саламис е омилена дестинација за Атињаните за време на празниците и викендите

е-Трн да боцка во твојот инбокс