Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, продолжува да освојува признанија на меѓународната филмска сцена. На 43. Филмски фестивал во Ерусалим, филмот ја освои престижната награда „Камингс“, уште една потврда за неговиот уметнички квалитет и меѓународен успех.
Истовремено, филмот е избран во главната натпреварувачка програма на 32. Сараевски филмски фестивал, каде ќе ја има својата европска премиера и ќе конкурира за највисокото фестивалско признание – „Срцето на Сараево“.
Овие два значајни успеси претставуваат ново меѓународно признание за македонската кинематографија и уште една потврда дека домашните автори успешно се пробиваат на престижните светски филмски фестивали.