Женската ракометна репрезентација на Македонија петрпе нов пораз на Медитеранските игри во Таранто.
Попладнево, ракометарките убедливо загубија од репрезентацијата на Алжир со резулта 37:23, а на полувреме резултатот беше 20:11.
Ова е трет пораз на ракометната репрезентација. Претходно, ракометарките загубија од Тунис со резултат 43:11, како и од Грција со резултат 25:31.
Македонија е на последното место во групата, а во следното коло, на 28 август ќе игра против домаќинот Италија.