Норвешка против Англија за полуфинале на Светското првенство: Халанд против „Гордиот Албион“ во Мајами

Норвешка и Англија вечерва од 23 часот во Мајами играат четвртфинале на Светското првенство. Победникот ќе игра полуфинале против Аргентина или Швајцарија.
EPA/BENJAMIN FANJOY

Норвешка и Англија вечерва од 23 часот во Мајами ќе се соочат во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство, во дуел кој носи место меѓу четирите најдобри репрезентации на турнирот. Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Аргентина и Швајцарија, кој е закажан за 3 часот по полноќ.

Норвешка во четвртфиналето влегува со целосен состав – селекторот нема проблеми со повредени или суспендирани фудбалери. Англија, пак, ќе биде без Џордан Хендерсон, кој е повреден, додека Џарел Кванса нема право на настап поради црвен картон.

Натпреварот ќе го суди францускиот арбитар Клеман Турпен.

Англија е меѓу фаворитите за титулата и повторно се надева на голем успех на мундијалската сцена, додека Норвешка предводена од Ерлинг Халанд бара нов голем скалп и историски пласман во полуфиналето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс