Ние што не стигнавме да бидеме спонтани

Текст за сите нас што го планираме одморот како проект. Можеби спонтаноста не е изгубена – само чека да ѝ дадеме време

Животот ни е испланиран до точка и запирка – дури и кога сакаме да се опуштиме.

Петок е, скоро. Сè уште кликаме на табови, испраќаме пораки и велиме „само уште ова“. На календарот имаме закажано одмор, но умот ни нема термин за тишина.
Дури и спонтаноста ја внесуваме во календарот.

Порано спонтано излегувавме на кафе. Денес праќаме линк за Google Calendar и додавање во event.
Сакаме да се видиме — ама „да видиме кога сме слободни“.
Слободни сме, ама не слободни-свесни, туку слободни-по-распоред.

Малите моменти исчезнаа во апликациите што треба да ни го „олеснат животот“.
Ама не ни треба полесен живот — ни треба потивок.
Да не ги мериме деновите по завршени задачи, туку по тоа колку искрено сме се насмеале без причина.

Ние што не стигнавме да бидеме спонтани, го одложуваме живеењето за подоцна.
Ќе одиме некаде — кога ќе имаме време.
Ќе спиеме мирно — кога ќе нема рокови.
Ќе се слушнеме — кога ќе престанеме да бидеме преуморни за разговор.

Но животот нема „опција snooze“.
Се случува сега, додека го чекаме идеалниот момент да се опуштиме.
И можеби решението не е во ново планирање, туку во исклучување на алармот — и во тоа да не мора секогаш да стигнеме на време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс