По неколкудневниот топлотен бран, викендов времето во Македонија ќе донесе промена. Според прогнозите на УХМР и AccuWeather, иако ќе се задржи претежно сончево и многу топло време, во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје денот ќе почне со сончево време и високи температури, но во текот на попладнето постои можност за локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Температурата ќе остане висока, па и понатаму се препорачува избегнување подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот.
Во останатите делови од земјата ќе биде сончево и жешко, а во западните, северните и планинските предели попладне ќе има услови за изолирани поројни врнежи и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со засилен ветер и краткотрајно невреме.
Метеоролозите најавуваат дека освежувањето ќе биде краткотрајно, а високите температури ќе продолжат и во наредните денови, иако на повеќе места ќе има повремена нестабилност во попладневните часови