Полициска акција низ државата поради сомнежи за нелегални медицински третмани

Одделот за организиран криминал при БЈБ спроведе координирана акција на повеќе локации во рамки на истрага за недозволени медицински интервенции и нерегистрирани препарати.

Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност денеска спроведе координирана акција во рамки на истрага за сомнежи поврзани со нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати.

Според информациите, акцијата се реализирала на повеќе локации низ државата, со цел разоткривање на мрежи кои, според неофицијални сознанија, вршеле недозволени медицински интервенции и пласирале препарати без соодветна регистрација.

Според неофицијални информации акцијата опфаќа лекари и лица од повеќе здравствени установи, како дерматолози кои работат во ГОБ „8 Септември“, лица од Клиниката за дерматологија и лица од приватен естетски центар.

Засега од надлежните не се соопштуваат детали за идентитетот на лицата опфатени со акцијата, а истрагата е во тек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни