Неколку дена не функционира апликацијата „Мој ДДВ“

Граѓани на социјалните мрежи се жалат дека апликацијата овие денови постојано покажува дека нема „конекција со УЈП“

Веќе неколку дена надвор од функција е апликацијата „МојДДВ“, со која граѓаните скенираат фискални сметки, за да остварат поврат од ДДВ.

Граѓани на социјалните мрежи се жалат дека апликацијата постојано покажува дека нема „конекција со УЈП“ и со тоа им се ускратува правото на зголемен поврат на ДДВ.

Од УЈП која е носител на проектот известија дека апликацијата се соочува со проблеми и најави брзо решавање, но веќе неколку дена Мој ДДВ не дозволува скенирање на сметки.

Во последната година оваа мерка, која е многу популарна кај граѓаните, постојано доживува проблеми и доцнење со исплатата. Од УЈП се правдаат дека сето ова е поради технички проблем, без да наведат и други причини.

Дополнително, во неколку наврати директорката на УЈП тврдеше дека оваа мерка не ја исполнило својата цел, но дека засега не се планира нејзино укинување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс