Неколку населби ви Скопје денеска без струја

Прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени во Белимбегово, Чаир, Карпош и Јурумлери, во различни термини во текот на денот.

Повеќе делови од Скопје денеска, 9 ноември, привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа. Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, соопшти дека од 8:30 до 11:15 часот без струја ќе биде дел од Белимбегово, кај мостот, поради работи во трафостаницата Белимбегово.

Во општина Чаир, поради активности во трафостаницата, од 9 до 12 часот прекин во снабдувањето ќе има на улиците „Струмичка“, „Ќемал Сејфула“ и „Вуковарска“. Од 12 до 15 часот без струја ќе биде дел од улиците „Крсте Асенов“ и „Емин Дураку“.

Во општина Карпош, од 9 до 11 часот прекин е најавен на улиците „Леринска“ и „Багдадска“.


Од 11:45 до 15 часот без електрична енергија ќе биде и дел од селото Јурумлери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс