Search

Не треба да се пие вода додека се јаде

Pouring water into glass.

Иако е важно да останете хидрирани и да консумирате најмалку два литра вода дневно, не се претпочита да пиете вода за време на оброците.

Имено, доколку земате течност заедно со храната, тоа може да го наруши нивото на киселина и концентрација на жолчката во желудникот, кои се неопходни за правилно варење на храната.

Овој совет особено се однесува на пиење ладна вода, бидејќи дополнително го успорува процесот на варење на храната и ќе имате чувство на тежина во стомакот.

Би било добро да пиете вода 30 минути пред јадење, додека после оброк почекајте најмалку еден час за да пиете вода – пренесува The Star .

Нутриционистот Анџу Сод од Флорида во САД вели дека потребни се приближно два часа за да се вари она што го јадете.

„Ако консумирате вода во погрешно време, не само што ја нарушувате течната компонента со разредување на она што го јадете. Вие исто така го забрзувате процесот на варење, бидејќи храната сега влегува во дебелото црево многу побрзо отколку што треба“, рече таа.

Извор: prva.rs

Најново

Последни колумни