Search

Науката објаснува зошто појадокот е најважниот оброк во денот

Веројатно сте слушнале за старата изрека која не советува да појадуваме како кралеви, да ручаме како принцови и да вечераме како питачи. Студијата на Универзитетот во Њујорк дава научна потврда за оваа мудрост.

Истражувачите поделиле 10 лица со преддијабетес и прекумерна дебелина во две групи. Првата група го ограничи внесот на калории за првите осум часа од денот и постеше во текот на преостанатите 16 часа. Втората група внесуваше 50% од дневните калории по 16 часот во текот на седум дена.

Тие заклучиле дека внесувањето на повеќето од дневните калории во раните утрински часови на денот не само што спречува зголемување на телесната тежина, туку и го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

Значењето на квалитетен појадок

Како што ни сугерира истражувањето од Универзитетот во Њујорк, внесот на храна може да биде исто толку важно како и самата храната што ја јадеме. Енергијата што ни ја обезбедува хранливиот појадок го поставува ритамот за остатокот од денот.

Појадокот не само што го буди метаболизмот, туку и ни дава енергија, ја подобрува концентрацијата и го намалува копнежот за нездрави ужинки подоцна во текот на денот. Покрај тоа, пораното внесување на калории може да биде клучно за одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта. Со најновите истражувања и трендови во светот на исхраната, едно е сигурно – добар појадок и водење сметка за времето кога јадеме може да има одлично влијание врз нашето општо здравје.

Затоа, не го прескокнувајте појадокот и слушајте го вашето тело – тоа знае што е најдобро за вас.

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни