Науката излегува од лабораториите: Европска ноќ на истражувачите на ПМФ

Шест настани во Скопје и Охрид на 25 септември ќе ги отворат вратите кон математиката, физиката, хемијата, биологијата, географијата и другите научни области.

Како изгледа науката кога ќе излезе од лабораториите и факултетските кабинети? Одговорот ќе може да се види на 25 септември, кога на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржи Европската ноќ на истражувачите – настан посветен на приближување на науката, истражувањето и иновациите до пошироката јавност.

Во рамките на годинашното издание ќе бидат организирани шест настани од институтите за математика, физика, хемија, биологија, географија, етнологија и антропологија, како и од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. Четири од настаните ќе се одржат во Скопје, а два во Охрид.

Европската ноќ на истражувачите е годишен настан што се одржува последниот петок во септември и има цел науката и научните истражувања да ги направи подостапни и поблиски до граѓаните.

„Европската ноќ на истражувачи е годишен настан што се одржува во последниот петок од септември. Овој настан во Европската Унија редовно ја доближува науката, истражувањето и иновациите до јавноста, а оваа година се одржува и кај нас“, велат од ПМФ.

Шест научни приказни на едно место

Програмата ги опфаќа природните науки, но и областите што го проучуваат просторот, човекот и општеството. Посетителите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со работата на истражувачите од различни институти и да видат како изгледа науката надвор од учебниците и предавалните.

Особено место има и Сеизмолошката опсерваторија, која со својата работа го следи сеизмичкото однесување и земјотресите во земјата и регионот. Настаните се отворени за сите заинтересирани, но за учество е потребно претходно пријавување за секој од нив. Деталите за програмата, локациите и

е-Трн да боцка во твојот инбокс