Денес без струја и вода во делови од Скопје

Прекини во електроснабдувањето се најавени во Бутел, Кисела Вода и Карпош, додека делови од Карпош ќе останат без вода поради дефект.

Дел од скопјани денеска, 23 септември, ќе имаат прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекините на струјата се најавени на повеќе локации во Бутел, Кисела Вода и Карпош, а во делови од Карпош водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект.

Каде ќе нема струја?

Во Бутел, прекин на електричната енергија е најавен: од 7:55 до 9:55 часот – дел од корисниците на улиците „Тале Христов“ и „Костурска“; од 10:05 до 12:05 часот – дел од корисниците на улицата „Боро Меков“. Во Кисела Вода: од 9:00 до 14:00 часот – корисниците на улиците „Мишко Михајловски“ и „Емил Зола“. Во Карпош: од 13:00 до 14:00 часот – корисниците на улицата „Варшавска“.

Прекините се поврзани со планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Каде ќе нема вода?

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на приклучна цевка на улицата „Мексичка“ број 10, од 9:00 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето во:

  • улицата „Мексичка“;
  • делови од улицата „Варшавска“;
  • делови од улицата „Хелсинки“;
  • делови од улицата „Ташкентска“;
  • делови од улицата „Хаванска“;
  • делови од улицата „Париска“.

Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.

Жителите на засегнатите улици треба да имаат предвид дека времетраењето на прекинот на водата може да зависи од текот на санацијата на дефектот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс