Книгите од феминистичката едиција „Vagina Dentata“ ќе бидат претставени на Balkan Anarchist Bookfair, кој по петнаесет години повторно се одржува во Скопје. Саемот ќе се одржи од 24 до 27 септември во просториите на Факултетот за ликовни уметности – Вајарски оддел, во рамки на Педагошкиот факултет.
На заедничкиот штанд со „Контрапункт“ ќе бидат достапни досегашните изданија од едицијата на „Тиииит! Инк.“, посветена на преведување и објавување значајни дела од современата феминистичка теорија и литература на македонски јазик.
Посетителите ќе можат да ги најдат: Франсоаз Вержес – „Феминистичка теорија на насилството: За антирасистичка политика на заштита“, Јасна Жмак – „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ и Катрин Малабу – „Избришаното уживање: Клиторисот и мислата“
Изданијата ќе се продаваат по промотивни цени во текот на саемот. Balkan Anarchist Bookfair не е замислен само како саем на книги, туку и како простор за средби, размена на искуства и знаења, разговори, несогласувања, учење, самоорганизирање и градење солидарност.
Целосната програма на овогодишното издание е објавена на веб-страницата на Balkan Anarchist Bookfair.