Повеќето смртоносни предатори, како лавовите и крокодилите, имаат жестокост во нивниот изглед и воопшто не изгледаат привлечно. Но зошто мечките изгледаат толку слатко? Еволуцијата и човечката психологија може да ни помогнат да ја разбереме оваа појава.
„Луѓето имаат пристрасност во однос на тоа како ги гледаат мечките“, вели Реј Вин-Грант, еколог и истражувач на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара. Мечките се истакнати во фолклорот и културите ширум светот. Многу домородни култури во Северна Америка ги гледаат мечките како роднини на луѓето.
Физичката сличност на мечките со луѓето иако мала, е присутна. „Ако човек би одел на сите четири екстремитети можеби би личел на мечка. И ако мечките биле исправена, можеби ќе личеле на човек“, вели Вин-Грант.
Мечките имаат меко крзно, мали заоблени уши кои задржуваат топлина и големи носови со извонредно сетило за мирис. „Поларните мечки го мирисаат својот плен под морскиот мраз од неверојатно долги растојанија“, објаснува Вин-Грант.
Мечките се и преслатки и смртоносни поради комбинацијата на еволуциски карактеристики и човечка психологија. Ова објаснува зошто ги перцепираме како пријатели, иако тие можат да бидат опасни предатори.
Извор: https://www.scientificamerican.com/article/why-are-bears-friend-shaped/