Научните направија револуција во рециклирањето на батерии

Истражувачи од САД развија брз и еколошки процес кој враќа до 65% од клучните метали од батерии за само 60 секунди, без токсични хемикалии.

Литиум-јонските батерии, кои се користат во мобилни телефони, паметни часовници и електрични возила, долго време претставуваат еколошки предизвик поради сложеното и скапо рециклирање. Но ново истражување од Rice University во Хјустон покажува дека овој процес може да стане многу побрз, поевтин и почист.

Научниците развиле нов раствор базиран на вода и аминоклориди кој овозможува извлекување на клучните метали како литиум, кобалт и никел. Во експериментите, до 65% од овие метали биле извлечени за само една минута на собна температура, додека по подолго време ефикасноста се зголемува над 75%.

Без токсични хемикалии и високи температури

За разлика од класичните методи кои користат силни киселини и голема потрошувачка на енергија, новиот пристап е значително поедноставен и побезбеден.

Истражувачите нагласуваат дека процесот не бара високи температури, што значително ги намалува трошоците и влијанието врз животната средина. Металите добиени со овој метод можат повторно да се користат за производство на нови батерии, што отвора можност за целосно затворен циклус на производство и рециклирање.

Ова би можело да ја намали зависноста од рударење на критични суровини и да ја забрза енергетската транзиција.

Иако технологијата покажува голем потенцијал, останува отворено прашањето дали индустријата за батерии и електроника ќе ја примени во масовно производство. Доколку се имплементира, овој метод би можел да го промени начинот на кој се рециклираат батериите ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни