Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика нафтените компании веднаш да ги намалат цените на бензинот, предупредувајќи дека ќе има „големи проблеми“ доколку тоа не се случи. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека цената на бензинот треба да биде околу 2,50 долари по галон, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека нема да толерира, како што го нарече, „незаконско одржување на високи цени“, обвинувајќи ги компаниите дека профитираат на сметка на потрошувачите. Претходно, американскиот претседател изјави дека му наложил на Министерството за правда да отвори истрага против нафтените компании поради тоа што, според него, не ги намалиле малопродажните цени и покрај падот на цената на суровата нафта.
Во меѓувреме, цените на нафтата годинава бележат нагли флуктуации, поттикнати од геополитички тензии и конфликти, меѓу кои и напади во регионот на Блискиот Исток, што дополнително влијае врз цените на горивата и загриженоста кај потрошувачите во САД.